ФОТОВЕСТ: На кичевчани им расцветаа јапонските цреши

Процветаа јапонски цреши кои есента беа засадени покрај реконструира главната улица во Кичево наместо старите костенови и липови стебла.

Кичевчани со нетрпение очекуваа да ги видат разлистани и расцветани новозасадените растенија.  Деновиве можат да уживаат во розевите цветови.

-Глетката е многу  убава и сега како замена за големите сенки од старите стебла , ќе ги имаме прекрасните цветови на јапонските цреши- велат дуќанџиите од кичевската чаршија.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија