Јавна презентација на статегиска оценка за изградба на две мали хидроцентрали во Кичево

Категории: Кичево


Во просториите на Советот на општина Кичево денеска беше одржана јавна презентација на стратегиската оценка за животната средина за изградба на две мали хидроцентрали на Речанска и Лесничка Река, во близина на селата Речани и Лесница.

Лубенко Ивановски од фирмата „Технолог“, кој ја вршеше презентацијата,  нагласи дека изградбата двете мали хидроцентрали со моќност од 220 киловати и со годишно  производство од околу  900 мегават часови елекрична енергија практично нема да има никакво негативни влијание врз животната средина.

На презентацијата присутен беше и преставникот на фирмата „ЕМК – мали хидроцентрали“ од Скопје која е концесионер за изградбата на хидроелектраните.

Тој исткана дека при изградбата на овие два објекта приоритет за вработување ќе имат локалните жители, а по нивното завршување тие ќе бидат ангажирани за одржувањето на објектот.

Двете мали хидроцентрали се очекува да почнат да се градат најдоцна до април идната година до кога треба да биде комлетирана целокупната документација.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics