Нов циклус на курс по Јога

Од вечерва во Кичево повторно започнува со активност курсот по Јога. Курсот претставува интегрална јога според програма прилагодена на јогиското искуство на учесниците.

Програмата содржи:

– вјајама – основни подготвителни психофизички техники за подобра еластчност на мускули и зглобови
– асани – положби на телото за подобра еластичност, виткост, стабилност, снага и здравје
– пранајама – техники на дишење за подобрување и контрола на дишењето, енергизиерање и урамнотежување
– релаксација – техники за психофизичко опуштање, одлични против стрес, напнатост, замор и други психофизички проблеми
– концентрација и медитација, за подобро запознавање на сопствените мисли, чувства и други свесни и потсвесни состојби, нивно урамнотежување и подобрување на сите психоментални квалитети
– теориски содржини од јогиската филозофија, јогиската психологија и други теми.

Курсот ќе биде под водство на јога Професор Ванчо Тасески и Асс. инструктор Александра Јанеска. Започнува од вечерва (четврток 06.12.), ќе се одржува во просториите на „Народна техника“ секој четврток од 18 часот. Повеќе информации на тел: 077 817 432 и 078 355 044.