Проектот Јужен поток нема да се реализира

Категории: Свет, Слајдер

juzen-potok-564x272Проектот за гасоводот Јужен поток нема да биде реализиран, изјави вчера директорот на руската државна компанија „Газпром“, Алексеј Милер.

Милер, кој го придружува рускиот претседател Владимир Путин во Турција, истакна дека Јужен поток воопшто не е актуелен.

Претходно, Путин по руско-турските преговори на високо ниво истакна дека „во сегешните услови Русија нема да го реализира проектот Јужен поток. Како причина за тоа ја посочи Бугарија.

– Бидејќи досега не добивме одобрение од Бугарија ние сметаме дека под овие услови Русија не може да продолжи со реализацијата на овој проект. Сега треба да почне изградбата на цевководот во Црно Море. Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека не добиеме одобрение од Бугарија, истакна Путин на прес-конференцијата во Анкара по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Путин и предложи на Бугарија да побара отштета од Европската унија за изгубената добивка од проектот Јужен поток.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,