Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Категории: Магазин, Слајдер

Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на  Евровизија 2015–та, во Виена, Австрија.

Тој победи на синоќешниот Фестивал на забавни мелодии – Скопје 2014 што се одржа во Метрополис арената во Скопје.

Второ место освои Тамара Тодевска со „Брод што тоне“,  Евгенија Чанчалова – Еги „Да не те сакам“ го освои третото место.

На фестивалот настапија 20 учесници.

На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди. Првопласираниот добива 20 илјади евра во денарска противвредност, за второпласираната 10 илјади и 5 илјади евра за трето пласираната композиција.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,