Филингот кога врз вас пукаат со Калашников (видео)

Амерканската компанија „Тексас Арморинг Коорпорејшн“ (ТАЦ), чија главна дејност е преуредување на автомобили од сериско производство во блиндирани и оклопни возила, освен со зајакнување на металните делови и каросериите, се занимава и со вградување на специјални зајакнати стаклени површини.

За да ги убедат потенцијалните клиенти дека нивните возила се безбедни и во случај кога некој пука во нив од автоматска пушка, директорот на компанијата Трент Кимбал, седнал на местото на возачот на еден блендиран „Мерцедес ГЛ“, по што неговиот соработник почнал да пука од „Калашников АК-47“ кон ветробранското стакло.

Погледнете како изгледа кога од куршум од АК-47 ве дели само стакло, па макар и да е блиндирано.