Оваа сабота: #КАЛЕФЕСТ 05!

Категории: Кичево

Во сабота, 24 август, во Кичево по петти пат се одржува минијубилејното издание на добропознатиот фестивал на современа музика и уметност „Калефест05“. Организаторите најавуваат одличен спектакл со нови и веќе проверени DJ-и:

– LOCO BABY (Belgrad/RS)

– ROBOTNIX (dbr grupa/Ki)

– FLOODER (pollux/SK)

– NENNAT OMEN (Angels/St)

– Andrej Micajkov (Antenna5/SK)

– Dimitry_MK (dbr grupa/Ki)

– Coge

– Marjan Vitorijoski

– Milan

– Ultimusa

– Nice

За звукот и светлото ќе се погрижат  D & D со бина и осветлување специјални за настани од таков тип. Почетокот е закажан за 18.00 и ќе трае до раните утрински часови.

Калефест првпат се одржа во август 2009 година и оттогаш стана еден од најпрепознатливите културни настани кој бележи нагорен тренд, како во квалитетот, така и во посетеноста на настанот.

Влезот е 100 денари. БИДЕТЕ ТАМУ!

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , ,