Каменуван патничкиот воз за Кичево

Во текот на вчерашниот ден, на излез од ж.с.Скопје-Север, беше каменуван патнички воз.

Непознат сторител каменуваше патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, при што е скршено едно стакло од врата.

Повредени патници нема.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.