Тим на Аџибадем Систина доаѓа во Кичево како дел од кампањата „Heart to heart“

Клиничка болница Аџибаден Систина Скопје заeдно со Здравствeната групација Аџибадем во период од 27 септември до 20 октомври 2013 година ќе организира Кампања за подигнување на свеста кај населенисто за превенција и третман од кардиоваскуларни заболувања.

Основната мисија на кампањата е проценка на здравствената состојба преку одредување на степенот на кардиоваскуларниот ризик кај општата популација. Кампањата за третман и превенција од кардиоваскуларни заболувања „Heart to heart“ има за цел да ја подигне свеста на популацијата за редовни контролни прегледи, грижа за сопственото здравје и намалување на ризик факторите кои се директни причинители за кардиоваскуларни заболувања. Оваа Кампања е поддржана и од Министеретвото за здравство на Република Македонија.

Кампањата ќе се организира на Плоштадот во Кичево на 5 октомври (сабота), во брендиран камион во кој ќе се одржуваат следните активности:

– Консултација со доктор;
– Мерење на тежина и висина;
– Мерење на крвен притисок;
– Консултација за индекс на телесна тежина;
– Организирање на предавања од областа на кардиологијата;
– ЕКГ
– Мерење на холестерол.