Канцеларија за поддршка на бизнисот отворена во Кичево

Категории: Кичево

Канцеларијата за поддршка на бизнисот што денеска беше отворена во Кичево ќе овозможи олеснување на процедурите при аплицирање за фондови и средства наменети за бизниз заедницата, кои ги доделува Владата преку мерките за поддршка на малите и средните претпријатија и достапните европски фондови.

На отварањето присуствуваа раководители и претставници од секторите за минерални суровини, туризам, индустрија, евроинтеграции, и секторот за мали и средни претпријатија на Министерството за економија, како и преставници на Секторот за имплементација на ИПАРД Фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По свеченото отворање на Канцеларијата се одржа работна средба со бизнисмени од кичевскиот регион, кои изразија голем интерес околу владините мерки за поддршка на претпријатијата, и особено за користење на европските фондови. Бизнисмените ја поздравија идејата на министерот Ваљон Сарачини за отварање на една ваква канцеларија во Кичево, а изразија голем интерес за тоа како би можеле да ги искористат поволностите кои ги нудат владините мерки, со цел проширување на нивните производствени капацитети.

Сите владини програми и можностите за искористување на европските фондови беа детално прикажани пред кичевските бизнисмени. Канцеларии за поддршка на бизнисот ќе бидат отворени во сите поголеми градови ширум Македонија, каде претставници на Министерството за економија ќе бидат на нивно располагање еднаш неделно.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,