Канонизирани Пречистанските монаси

Македонската правослвна црква денеска со света архијерејска литургија  ја објави одлуката на Светиот архиерејски синод на МПЦ за впишување во списокот на светиите на светите Пречистански преподобномаченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.

На Малиот вход првпат беше изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со неа ги благослови присутните верници.

Oваа канонизација на светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј маченички пострадани во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ е дел од настаните по повод одбележувањето на 45-годишнината од прогласувањето на возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.

Беше извршено и осветување и положување на камен-темелник за манастирски конак со параклис посветен на Преподобномачениците.

 

2 thoughts on “Канонизирани Пречистанските монаси

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.