Катанчето (15)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Да гледаш карате филм, уште со Брус Ли, а да не пробаш да замавнеш со нога или рака, имитирајќи го, поарно да не си го гледал, џабе фрлени пари …… Таиџи Казе светски авторитет во карате спортот, еднаш кажа за Брус Ли, дека тој бил обичен шарлатан, ама да можев би го запрашал: – „Колку пари заработија на тоа филмувано шарлтанство сите оние кои само поради публицитетот на Брус Ли, преку ноќ станаа барани сенсеи* за карате во цел свет“ ??!

Филмовите започнуваа со прикажување во 19 : 00 h во кино „Партизан“ а во „домот ЈНА“ во 20 h и зависно од самиот филм, „река од народ“ се слеваше во тогашните кино сали. За некои филмови требаше: „препорака“ – гледај го, добар е, за некои самата звучност на името повлекуваше, а за карате филмовите, особено со Брус Ли „карта“ повеќе.

Во кино „Партизан“ завршил филмот „Во Змејовото гнездо“ и сите полека се прибираат кон дома. Помеѓу нив и една група на повозрасни деца. Ем коментари, восхитувања, ем удари со нога во се што ќе им заличи на можна справа за вежбање како во филмот. Трафика од Тутун*, од тврд пресуван лесонит и удар врз неа со „маeгери“. Продолжуваат како да не било ништо ….

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

…Ама било нешто, оти не поминале ниту 10 метра понатака, слушнале повик за спас од внатре од трафиката: … „Помош, помагајте, викнете милиција“. Дошла Марица* ја отвориле насилно вратата од трафиката и што ќе видат внатре, тасма голи во клопче фатени, чвор врзани продавачката и постар човек, нејзиниот шеф. В ќебе двајцата, директ од тука в болница, една инекција и ги разделиле „Сијамските близнаци“ !!

Прочитав некаде дека постоел преќутен договор помеѓу работничката класа (продавачката) и директорите (шефот) кој парафразирано на макро план би гласел: „Вие работниците ќе работите малку = нишај врата – земај плата, а ние директорите ќе „позајмуваме“ со мерка“. Сите крадат и сите задоволни, а никој не плачи. Пресликано во минијатура, на микро план, би значело дека шефот при пописот и прогледувал на продавачката низ прсти, а Бога ми и меѓу нозе, овозможувајќи и дефицитарната стока (нејзиниот список во тоа време беше подолг) секогаш да биде застапена во нејзината трафика. Тој „освежен“ со помлада крв и „сменето улје“ во понова кола, а таа побогата и материјално (пари) и духовно (искуство).

Од него попосле разбравме, „се правдал“ дека тоа се случило поради вградена Господова фабричка маана, бидејќи оној дел од машкиот полов орган што носи име глава а не мисли, му бил малку поголем од нормално, па затоа заглавил, а за неа непогрешливиот кум – народот, уште утредента и даде прикладно име: КАТАНЧЕТО ……

Сенсеи* од Јапонскиот јазик = учител, познавач на вештина, од кој се очекува и во секојдневниот живот да се однесува како учител.

Тутун* – специјализирана фирма за продажба на сите видови цигари, весници и разни дребулии.

Марица* – возило Застава 101 од тогашната милиција.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,