Шалтерите на Катастарот денес ќе работат до 19 часот

14680katastar4

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижности – Скопје денеска и утре ќе работат од 8:30 до 19:00 часот.

Како што се наведува во соопштението, Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува на 15 декември.

Интересот за поднесување барања е зголемен во последните денови. Дневно се поднесуваат и над 1000 барања.

Сите физички и правни лица кои нема да поднесат барање и нема да го откупат земјиштето ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина на земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.