Катче за одмор претворено во џунгла среде Кичево

Колку и да сакате внимателно да ја проследите оваа фотографија, тешко дека ќе ви падне на памет од каде е оваа снимка и како за толку кусо време едно катче за одмор во  близина  на ДСЗ или( одбрана ), денес е претворено во џунгла среде Кичево.
На ова место пред 2 години имаша поставено клупи за одмор и канта за отпад , кои денес ги нема на самото место и сигурно го красат нечиј или нечии дворови а на самата локација е израсната трева висока речиси 2 метри . Просторот е препуштен на законите на природата, без притоа човечка рака да го искултивира овој простор и повторно да му ја врати првобитната урбана намена.
Текст и фото: Зоран Антоски