Ќе светнат новите канделабри во центарот на Кичево

Завршницата од изградбата на главната улица во Кичево, се заокружува со поставувањето но новите канделабри во средиштето на градот. Така што деновиве се вршат засилени активности на делот од улицата, пред поранешниот ресторан „Слобода“.

Од оперативата на Инсталација ни беше речено дека утревечер ќе блесне во нов сјај и овој дел од главната улица во Кичево. Токму за деновите кога во градот се одржува Меѓународниот детски фолклорен фестивал, гостите од странство во ново руво ќе го видат градот под Илиница.

Текст и фото: Зоран Антоски