Ќе врне до четврток

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска попладне ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поизразени во форма на невреме со пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град, особено во западниот дел од земјава.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Дојран 44 литри на метри квадратни, 11 во Крива Паланка, осум во Тетово, седум во Крушево…

Во текот на утрешниот ден и во четврток претпладне ќе биде променливо облачно со пообилни врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Се очекува на места да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен. Температурата ќе се движи од 9 до 25 степени, а во Скопје од 13 до 24 степени.

Од Упрвата препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.