Кичевчанец ќе биде Кум за Водици во Охрид

Категории: Македонија, Слајдер

vodici-Ohrid

Бизнисменот од Кичево Зоран Милески и пејачот Жељко Јоксимовиќ се новите кумови на најголемата верска манифестација во Охрид и регионот, прославувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Љубен Арнаудов, претседател на Здружението на граѓани „Богојавление“ што повеќе од една деценија ја организира верско-народната манифестација по повод празникот, истакна дека со изборот на новите кумови се реализира интенцијата на Здружението за проширување на манифестацијата надвор од Охрид, како и за нејзино омасовување со тоа што ќе привлече што поголем број, како верници, така и туристи во градот.

Милески по преземањето на кумството во негово и во име на Јоксимовиќ изрази благодарност што после четири години аплицирање ја добива честа да биде кум на Водици во Охрид.

– Уште од дете имам скокано по крстот, четири години конкурирав за кумството, така што голема е честа што со мојот пријател Јоксимовиќ го добивме кумството. Очекувам кумството да ни донесе здравје и среќа, како за семјеството така и за сите верници, рече тој.

Ланскиот и се уште актуелен кум на Водици, градоначалникот Никола Бакрачески, честитајќи им го кумството на Милески и Јоксимовиќ, истакна дека Богојавление – Водици како православен празник и симбол на радоста на граѓаните на Охрид, со изборот на познати личности за кумови добива пошироки димензии.

Изминатите неколку години Здружението „Богојавление“ и локалната самоуправа преземаа активности за омасовување на празнувањето, надминување на границите на градот Охрид и Македонија и на накој начин го претворија во своевидна атракција со која се збогатува туристичката понуда на Охрид.

– Овој празник стана еден од препознативлите обележја на Охрид, атрактивен за голем број гости и туристи, на регионално ниво па дури и во светски рамки, истакна Бакрачески.

Притоа е најавено дека во периодот што следува ќе се одржат неколку координативни средби на раководството на „Богојавление“ и локалните власти и институции, со цел што подобра организација на празнувањето, со најави за понуда на намалени цени на сместувањето во хотелите на охридската ривиера, на угостителските објекти, како и богата културно-забавна програма во текот на продолжениот викенд пред Богојавление, на самиот празник 19 јануари и Денот на рибарите 20 јануари.

Бакрачески ги повика сите граѓани на Македонија, верниците од регионот да дојдат во Охрид за празниците, за достоинствено да го одбележат празникот, а истовремено да минат убави моменти во балканскиот Ерусалим.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,