Кичевчанец со страст кон филателијата и колекционерството (фото)

Категории: Кичево, Слајдер

Sinisa-Pavleski

До пред некој ден немав слушнато за него. Откога слушнав ми беше непријатно како сум можел да го пропуштам. Што е тука е.

Синиша Павлески е кичевчанец. Негова страст се поштенските марки. Ги има од цел свет. Страста за собирање кај него се јавила кога ја видел поштенската марка со ликот на птицата љубов. Поседува колекција од преку 10 000 поштенски марки со ликови на птици. Најчесто ги набавува по интернет од целиот свет. На овој начин се спријателил со триесетина луѓе со кои ја делат истата пасија, а се допишува со десет пати повеќе. Неговата најголема поткрепа во неговото необично хоби е ќерката Јана. И како што „бива“ за наш човек, помалку е познат дома отколку надвор.

– Сум учествувал на дваесетина меѓународни филателистички изложби (со 3 теми Папагали, Петел и Хокеј на мраз), за жал, повеќе се пишува околу тоа, надвор во странство, од колку во Македонија. Имам освоено 17 филателистички медали (со дипломи) и тоа е со сигурност најмногу во Македонија.

За колекцијата марки „Папагали“ го добил златниот медал на меѓународната изложба „Алпе Адрија“ во Крањ.

AEP002sAntverpia-Parrots-s

Diploma-Maribor-s  Diploma Bugarija-sПотврда за посветеноста на ПавлескиPortugal1g

Commissioners Italia 2009 Montenegro 2008 DIPLOMA-sDiplomaBirdpex-s

– Во Македонија нема некоја заинтересираност околу филателијата, но затоа во странство важи за најраспространето хоби и занимање – вели Павлески. Ни испрати неколку написи од домашни и странски медиуми кои го забележале неговиот труд.
Kartofil L`Arche Makedonija-Iselenici Mont Everest i 10000 ptici Dnevnik Mont Everest TEA001 TEA002 utrinski-g utrinski-g1 Utrinski-Italia2009 Utrinski-Portugal2010 Vistinski navivac

Синиша живее во Скопје, но за себе вели „јас сум и останав Кичевчанец во душата“. Навива за Напредок и е страствен навивач на Македонската репрезентација на која нема пропуштено ниеден домашен натпревар. Нормално, ги чува картите од сите натпревари. Сите ги купил, освен еден, на натпреварот со Унгарија кој го добил како гратис.

Karti1 Karti2

Павлески во моментов работи на каталог на поштенски марки од Република Македонија кои биле во употреба во годините по независноста, а работи и на книга  „Поштенската историја на градот Кичево“.

– Работам на комплетен Македонски каталог за поштенски марки (1992-2014), како и на два помали за 2013 (веќе излезе) и за 2014 година. Моментално спремам и книга (Поштенската историја на градот Кичево) во кој
ќе бидат претставени 90 разгледници од Кичево кои ги поседувам, писма, печати и  сличен поштенски материјал. Се надевам дека ќе ја завршам книгата до 2016 година.
Останува да му посакаме успех во подготовката

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,