Наши во Турција пеат македонски народни песни (ВИДЕО)

Се вика Есер Ипекел. Неговите предци се по потекло од селото Србјани, кичевско. Никогаш не заборавиле на своите корени. Со нив понеле дел од Македонија и ја пренеле на нивното дете, кое ја исполнува оваа прекрасна македонска народна песна „Болен ми лежи млад Стојан“.

Тешка е иселеничката, да не си им во кожата. Цел живот неможе да се преболи родниот крај. Кај и да појдеш си откинат од корените и секогаш ќе те влечат назад и на секое друго место ќе си туѓ.

Погледнете го и ова второ видео од неколку млади од Измир кои ја пејат песната „Македонско девојче“. Нивното потекло е од Неготинско. И после 2-3 генерации тие го негуваат Македонскиот јазик, се организираат во друштва, а од пред некое време посетуваат настава на Македонски јазик. Дел од нив се враќаат да инвестираат во Македонија.

Голема иселеничка колонија од Кичево, задржани и угледни луѓе, денес живеат во истанбулскиот кварт „Бајрампаша“. И денес доаѓаат и ги негуваат и роднинските и пријателските врски со Кичево.