Кичевчанец загина во тешка сообраќајка

Категории: Кичево, Слајдер

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината во 3 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани  на им подлегнал на повредите на самото место, додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со  повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Несреќата се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило „застава“ со кичевски регистарски таблици, движејќи се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда од мост на десната страна од коловозната лента. Од ударот, патничкото возило се превртело на покривот и застанало на коловозот.

По извршено алкотестирање кај Ј.Д. утврдени се 1,01 промили алкохол во крвта.

На местото на тешката сообраќајна несреќа извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,