Кичевчани дишат опасен воздух

Категории: Кичево, Слајдер

Овие денови, Кичево повторно се гуши во загаден воздух. Проблемот се провлекува со години, а особено е актуелен во месеците кога започнува ладното време.

Во испитувањето на квалитетот на воздухот на подрачјето на Општина Кичево имало надминување на максималната дозволена загаденост на воздухот, односно 50 µg/m3, информираат од ПО РЦУК Кичево.  Мерењето на министерството за заштита на животната средина ги даде следниве резултати:

Датум µg/m3
————————–
02.11.2013 85,50
03.11.2013 63,78
04.11.2013 80,12
05.11.2013 94,41
06.11.2013 68,46
07.11.2013 77,84
————————–

Од резултатите се гледа дека во вторникот, 5 ноември загаденоста била скоро 2 пати над максимално дозволеното.

Препораките до граѓаните, издадени од Интерсекторската работна група за квалитет на воздухот кои треба да се применуваат во вакви случаи, се поставени на порталот за воздух http://airquality.moepp.gov.mk/

Препораките кои можат да ја ублажат оваа состојба се следните:

– Приватните моторни возила да не се користат без поголема потреба
– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
– Правилно да се користат печките за дрва

Во ваков случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот систем и крвотокот, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,