Кичевски судии ја делеа правдата на младинското финале

Како предигра на големото финале од купот на Македонија на националната арена „Филип Втори“ се одигра младинското финале помеѓу екипите на Ренова и Металург.

Во возбудлив и интересен натпревар победникот се решаваше дури по изведување на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник. Како подобри изведувачи на ударите од белата точка се покажаа фудбалерите на Металург кои триумфираа со вкупен резултат 5:4.

На овој натпревар фудбалската правда на фер и коректен начин ја делеше судиската четворка од Кичево во состав: Александар Грујоски, Дарко Спироски, Куштрим Лика, Марјан Стојаноски.