Советниците од „Кичевчани за Кичево“ ја напуштија седницата на советот

Категории: Кичево, Слајдер

Kicevcani za Kicevo

Уште една седница на кичевскиот совет помина неславно. Предмет на недоразбирање беше точката 5 – „Предлог Одлука за именување на име на улици “, од 26-тата седница на советот. Советниците во материјалите кои ги добиле по електронски пат, оваа точка била оставена празна и без конкретни предлози. За истата, не била одржана Комисијата за односи на заедниците нити Комисијата за именување на улици, тротоари, патишта, плоштади и културни знаменитости.

НА координацијата која била одржана пред десетина дена биле предложени три албански имиња за улици во населбата „Иванидол“, кои не биле прифатливи за советничката група „Кичевчани за Кичево“. Наместо тоа, советничката група, дала предлог истите улици да се именуваат со бројки, но предлогот бил одбиен од страна на советниците од ДУИ.

По немањето слух за компромис и поради недоличното однесување на дел од советниците на ДУИ, уште пред точката да биде поставена на гласање, советниците на „Кичевчани за Кичево“ ја напуштиле седницата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,