(ФОТО) Пишуваме историја – Потпишан договор за долгорочна изборна соработка во Кичево во интерес на сите граѓани!

Категории: Кичево, Слајдер

Соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево беше одлично примена кај Кичевчани. Попладнево истата беше официјализирана со договор помеѓу двата најголеми политички субјeкти во Договор за долгорочна политичка изборна соработка за локални избори во општина Кичево. Коалицијата носи симболично име „Кичевчани за Кичево“. Потписници во името на двата субјекта се Благоја Деспотоски, градоначалник на Кичево по претходно овластување од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и Ванчо Србакоски, сегашен градоначалник на Вранештица и претседател на локалниот клуб на СДСМ во Кичево.

Овој договор е значаен од повеќе гледишта. Имено, ова е прв пат во историјата на Кичево и на Република Македонија, токму во Кичево да се случи политичко обединување со потпишување на договор од ваков тип. Кичевчани се првенци во сплотувањето на политичките субјекти во интерес на сите граѓани на Кичево.

Во договорот, помеѓу другото е предвидено, доколку кандидатот за градоначалник е од едниот политички субјект, претседавач на советот на општината да биде од другиот политички субјект.

Договорот самиот по себе е преточување на граѓанската волја на кичевчани во конкретна изборна понуда – настап со единствен кандидат за градоначалник и единствена листа за советници.

На понудената заедничка листа за советници, добитни места добиваат турската и ромската заедница (7-мо и 8-мо место) што не е случај со другите листи (на ДУИ, ДПА и НДП) каде Турците и Ромите немаат добиено добитни позиции за советници во идниот општински совет.

Всушност и самата коалиција и изборната програма се од граѓански карактер, не делејќи ги граѓаните по ниедна основа. Предвидени се проекти, како за Другово и Вранештица, Кичево, така и за Бичинци, Зајас, Осломеј… конкретни проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните на целата територија на општина Кичево.

Дополнителен импулс за официјализирање на оваа граѓанска коалиција, даде и потегот на ДУИ, ДПА и НДП кои отворено застанаа кандидатот за градоначалник на ДУИ за Кичево, со тоа создавајќи етничка коалиција, без притоа да понудат било каква изборна програма на сопствените гласачи.

После ова, може да се каже дека денес во Кичево, како многу пати низ историјата, повторно се пишуваше историја, историја која и овој пат ќе им донесе подобро на сите граѓани, без никакви поделби! Кичевчани се горди на своите првенци. Кичевчани за Кичево!

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , ,