„Кичево 10“ доби нов тренер

Категории: Кичево, Слајдер, Спорт

Kичевскиот ракометен суперлигаш Кичево 10 доби нов тренер,  Никола Зиков. Зиков претходно работеше во екипите на Вардар и на Скопје.

– Нашите планови, повторно да се избориме за место на табелата што води на европска ракометна сцена, ги зацврстивме и со доведувањето на познатиот тренер Зиков. Со доаѓањето на новиот тренер и со сите засилувања што ги планираме за ова лето во значителна мера ги зголемивме шансите за висок пласман. Зиков е тренер што во сите клубови каде што работел постигнал завидни резултати, а таа традиција очекуваме да ја продолжи и со нашиот клуб. Очекуваме нашиот клуб да биде најпријатното изненадување во Суперлигата сезонава – велат од Кичево 10.

Новиот тренер доаѓа на местото на тренерскиот тандем Мирчески – Савески.  Подготовките за новата сезона  започнаа на 12 август.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.