Кичево повторно без вода за пиење, пукна цевка на Булеварот Ослободување

Вака изгледаше булеварот „Ослободување“ синоќа по пукањето на водоводната цевка

Вчеравечер во подоцнежните саати, Кичево во поголем дел остана без вода за пиење. Причината е пукањето на водоводна цевка на Булеварот Ослободување, во близина на ОС Кичево .

За кусо време дел од булеварот и улицата Тане Цалески се наполнија со вода и се претворија во вистински реки. Комуналците брзо дојдоа на местото на дефектот и во текот на ноќта се очекува отстранување на истиот. Инаку граѓаните на Кичево пролетва често се соочуваа со овој проблем и се очекува со реконструкцијата на водоводната мрежа овие дефекти значајно да се намалат.

Tекст и фото: Зоран Антоски