И Кичево ќе добие „Чајнатаун“

Категории: Кичево, Слајдер

По Свети Николе, и во близина на Кичево ќе се гради работнички камп за потребите на кинеската компанија „Синохидро“ која ќе го гради автопатот „Кичево – Охрид“. По разгледаните опции, претставници на кинеската компанија ја договориле локацијата во селото Извор. Кампот ќе биде изграден на 10 000 квадратни метри и е нешто помал од оној кој ќе се гради во Свети Николе.

Предвидено е кампот да ги има сите содржини кои треба да одговорат на потребите на кинеските работници и инженери кои ќе бидат ангажирани во изградбата на овој проект од витално значење за нашиот град. Но потребните залихи за нормално функционирање ќе ги набавува од Кичево што значи нова можност за кичевските фирми.

Претходно изградба на сличен камп за изградба на автопатот „Миладиновци – Штип“  беше договорен во Свети Николе и тамошниот ќе се простира на површина од 30 000 квадратни метри.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,