Кичево утре домаќин на бараж мечот Пелистер – Скопје

За прв пат еден бараж меч за пополнување на првата фудбалска лига, ќе се одигра на градскиот стадион во Кичево.

На стадионот под Илиница мегданот ќе го поделат екипите на Пелистер и Скопје. Покрај гледачите од Кичево , најавени се и навивачките групи на двата тима , Чкембарите и Пиратите. Важноста на натпреварот и полните трибини го прават овој натпревар интересен во секој поглед.

Две желби за едно место, кој ќе се радува, ќе добиеме одговор  по утрешните 90 минути.Напредок и ОФС Кичево ги завршија сите подготовки , со  единствена цел да се претстават како добри домаќини за сите присутни на стадионот и надвор од него.

Мечот започнува во 16 часот и 30 минути.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)