Изложба на фотографии „Kичево и кичевско за време на Илинденското востание“

Денес во Музејот „ Западна Македонија во НОВ“ ќе биде отворена изложба на  фотографии„ Кичево и кичевско за време на Илинденското востание“.

Оваа изложба се организира по повод „Европските денови на културното наследство“ . Изложбата содржи над 50 автентични фотографии од илинденскиот период, во која централно место имаат настаните што се случувале во нашиот крај. Граѓаните на Кичево оваа изложба ќе можат да ја видат секој ден  од 10:30-15:30 часот, а истата ќе биде отворена до 30 овој месец .
Зоран Антоски