ФОТО: Општина Кичево привршува повеќе инфраструктурни зафати

Категории: Кичево, Слајдер

Овој изминат месец во завршна фаза се повеќе инфраструктурни зафати во повеќе делови од градот Кичево. Во тек е поставување на асфалт на улиците пред претстојната зима. Голем број од овие места за прв пат ќе добијат асфалтирани улици и тротоари. Досега луѓето се валкаа во кал, а кога ќе паднеше дожд и често пати се поплавуваа подрумите. Движењето беше комплицирано дури и со автомобил.

На улиците е поставена комплетна електрична, канализациона и водоводна инсталација. Дел од нив се во фаза на тампонирање, дел веќе добија асфалт. Пред 2 дена беше асфалтирана и улицата Александар Македонски (Маршал Тито) на која се работеше на комплетна замена на постоечките инсталации со нови.

Покрај ова во изминатите 4 години беа пробиени и се асфалтираа неколку десетини улици (дел од нив никогаш немале асфалт), се прошири и се асфалтираше патот до пред Кнежинскиот манастир, беше поставена канализациона мрежа во неколку населби, повеќе тротоари беа поплочени, се изгради нов мост на река Сушица, се изгради хидроцентрала на доводниот водовод Студенчица-Кичево, училиштето Санде Штерјоски доби нова училишна зграда, се отвори општинскиот центар за услуги, беше осветлено игралиштето кај интернатот, се изградија неколку паркинзи со над 100 места за автомобили, се смени и се догради ново улично осветлување во повеќе делови на градот, за првпат се поплочија пристапните влезови во комплексот на воените згради, беа пуштени во употреба индустриските зони Иванидол 1 и 2 (во изградба се неколку погони), беше пуштена нова спортска сала „Христо Узунов“ во населба Иванидол, во градба е ново игралиште во населба Горица, изградено е ново игралиште кај стадионот на Напредок, во фаза на изградба е една од седумте технолошко индустриски развојни зони „Кичево“, регулиран е каналот „Иванидол“ над кого се прошири улицата Даме Груев (Борис Кидрич), постоечките факултети добија нови модерни објекти и се отворија уште неколку нови, набавени се повеќе современи медицински апарати за кичевската болница…

 

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,