Во Кичево измерени -20°C под нулата

Утрово во Кичево се разбуди со поларни -20°C под нулата. Ваков студ одамна не е забележан. Метеоролозите предвидуваат студ и за наредните денови кога температурата ќе биде далеку под нулата и преку ноќта и во текот на денот.

Ниските температури веќе предизвикаа проблем во водоснабдувањето и во напојувањето со електрична енергија на домаќинствата, а дежурните екипи со тешкотии поради снегот работат на нивна санација.