Од Кичево до Охрид со воз за „само“ 7 часа

Кичево – Охрид за 7 часа, Гостивар – Охрид за 15 часа. Ова е возен ред за теснолинејката која некогаш поминувала преку Кичево и продолжувала накај Охрид. Потекнува од 1961 година, поточно 28 мај 1961 година, летен распоред. За толку време возел легендарниот „Ќиро“.

Можете само да замислите кое патешествие било да се патува со него. Луѓе кои го памтат, за него зборуваат со носталгија. По лето, по зима, „Кирчо“ секогаш возел.

По изградбата на новата железница, теснолинејката престанала со работа, линијата кон Охрид се укинала, пругата запустела, патувањето до Кичево било побрзо, а „Кирчо“ заминал во пензија.

Овој возен ред и сите места набележани на него нека останат потсетник за тоа време.

Благодарност до Кристина Лукановска за сликата со возниот ред

Кирчо некаде во Копачијата
Во полна пареа да стигне навреме
Во охридско

 

Кирчо со двајца „колеги“ на Пресека