Четврти по ред Тениски турнир „Кичево Опен 2013“

Од вчера  стартуваше четвртиот по ред тениски турнир„ Кичево Опен 2013“.Целокупната програма какои претходните години ќе се одвива на тениските терени во СРЦ Крушино.

-По четврти пат годинава го организираме тенискиот турнир„ Кичево Опен 2013“. Како и претходните години така и годинава, на турнирот ќе има натпреварувања исклучиво во машка конкуренција, поединечно  сениори и во двојки.
Интересот е исклучително голем а за истиот до сега се пријавени над 20 тенисери во сингл конкуренција и десетина во двојки. За најдобрите во двете конкуренции предвидени се и скромни парични награди во износ од 3000 денари.Програмата ќе стартува во 16 часот а истата ќе се одвива на терените  СРЦ Крушино. Според интересот на гледачите од претходните години, очекуваме и годинава голем број љубители на белите спортови да ги проследат овие натпревари-рече Ренато Јеремоски од Тенискиот клуб Кичево, кој заедно со Љупче Мицкоски, Бехар Укали и Академијата Павловски од Битола се организатори на овој турнир.
Од клубот воедно апелираат до Агенцијата за млади и спорт, конечно и во нивниот град да ги изградат долго најавуваните тениски терени.
Текст и фото: Зоран Антоски