Кичево под снег!

Снегот кој вчера почна да паѓа во Кичево направи снежна покривка од над 10 сантиметри. Снегот најмногу ги израдува најмладите, а не помалку и постарите.

Снегот не предизвика позначајни потешкотии во сообраќајот и сите патишта се проодни.

Снежни врнежи се очекуваат до среда откога времето ќе се стабилизира. Температурите ќе паднат за неколку степени и ќе се движат до -10 степени на утро. Дневните ќе бидат околу нулата.

Фото: Стојанче Китаноски