ФОТО: Кичево со срце ги пречека коњаниците од „Патот на Црешовото топче“

Категории: Кичево, Слајдер

Шеснаесет коњаници од  Илинденскиот марш „Патот на Црешовото  топче 2013”  кои пред два дена тргнаа од Бигорскиот Манастир, а синоќа ноќеваа во Кнежинскиот Манастир ,денес маршираа низ Кичево, каде беа поздравени од повеќе илјади одушевени граѓани.

Попатно коњаниците ја посетија црквата „Св. Петар и Павле” во Кичево, каде  што запалија свеќи,се помолија за здравје и добар пат а добија и молитва од Свештенството во црквата ,го бакнаа чесниот Крст и продолжија за село Пополжани, каде ќе ручаат за потоа да се упатат кон славното село Козица,  родното место на војводата Јордан Пиперката.

-Оваа слика не враќа во времето од пред 110 години, во периодот на големиот Илинден. Бевме одушевени со колкав изблик на радост не пречекаа граѓаните на Кичево. Оваа слика ќе остане трајно врежана во нас. Годинешниот Илинден ќе остане за незаборав. Нека е за многу години – порачаа коњаниците на заминување од Кичево.

Во текот на маршот коњаниците ќе ноќеваат и во селото Цер , каде беше убиен илинденецот, Христо Узунов , за потоа да се упатат кон славното Крушево

Зоран Антоски

Фото: Зоран Антоски, Александар Смилески

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,