Воздухот во Кичево загаден дури 13 пати над дозволеното

Категории: Кичево, Слајдер

Pm10

Загрижувачко ниво на загаденост бележи воздухот во Кичево. Нивото на штетните PM10 честички во кичевскиот воздих вчера се искачило дури 13 пати над дозволеноата граница од 35 микрограми на метар кубен.

Ова ниво на загадување е регистрирано вчера околу полноќ.

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари.

Концентрациите на PM10 во градовите во целата држава, особено во зимскиот период,постојано ги надминуваат граничните вредности за заштита на човековото здравје.
Ова зголемување на концентрациите на честичките очигледно е предизвикано од различни типови на извори на емисија заедно со непогодните меторолошки услови.
Сепак, се чини веројатно дека издувните гасови од сообраќајот и согорувањата од домаќинствата се меѓу најважните придонесувачи.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,