Ракометарките на Кичево 10 со победа ја започнаа пролетната сезона

Категории: Слајдер, Спорт

Со победата над екипата на Металург- Скопје со 24:23 ( 16:10), ракометарките на Кичево10 триумфално ја отворија пролетната полуетапа.

Домашните ракометарки во текот на целиот натпревар беа во водство,а најголемата разлика ја остварија во 36 минута ,кога поведоа со 18:10 а потоа и со 19:11.И кога сите во салата помислија дека победникот на овој натпревар е извесен, така не мислеа гостинките од Скопје, кои заиграа многу поангажирано,ги намалија техничките грешки и водството на Кичево 10 почна да се топи и во 57 минута резултатот беше израмнет 22:22.

Следеше вистинска драма во последните минути, во кои домаќинките постигнаа 2 гола,гостинките само еднаш погодија, што беше доволно за триумф на кичевскиот суперлигаш. Кај домаќинките најефикасни беа Јолеска со 8,Милеска и Ходак постигнаа по 5 и Митаноска 4гола.Во гостинската екипа се издвои тандемот Тодороска со 9 и Величкоска со 8 гола. Солидната посета од 500 гледачи, го заокружу убавиот амбиент на овој дерби натпревар.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,