ФОТО: Кичевската сообраќајна полиција во децениски зимски сон

„Навикнавме“ да неможеме да одиме по тротоар зошто има паркирани возила, запрежни коли, мотори, дрва за во зима, дупки, да неможеме да поминеме на пешачки. „Навикнавме“ на живописни глетки како пасат овци, коњи, магариња на (малкуте) зелени површини низ градов. „Навикнавме“ дека треба да се пазиме од секоја будала (а ги има се повеќе) на која хормоните и удриле во глава па туражира кај ќе стигне и да помине неказнето. Па наместо да се движиме слободно, мора да пазиме. Движењето со деца влегува во доменот „Осмели се, направи го првиот чекор“. „Навикнавме“ и на хаосот во лето.

Постои сообраќајна полиција, ама фиктивно. Неретко сме биле сведоци дека се големи махеришта, па покажуваат мускули на сопствениците на југо, стоеден, фиќо и слични олдтајмери. Сеуште вежбаат како се запира и пишува казна на поскап автомобил. Ама, дај му шанса на човекот, ќе научат до пред пензија. Има еден проблем, тоа што се платени од буџетски пари и не си ја вршат работата за која се платени. Ако не се дораснати на задачата нека сносат одговорност, бидејќи вака работите не одат. Џабе се сите муабети кога некој ќе настрада.