Кичевската гимназија доби нова фасада

Категории: Кичево, Слајдер

Зградата во која функционираат двата средношколски центри „ОСУ Мирко Милески“ и  „ОСУ Дрита”, деновиве доби ново руво откако блесна новоизградената фасада. Средствата за овој проект ги обезбеди МОН, а дополнително  се потрошени и парите кои беа заштедени минатото лето, кога на објектот беше поставен нов покрив.

-Објектот кој е изграден во далечната 1955 година, сега е целосно реновиран, откако деновиве доби нова фасада, а претходно беше поставен нов покрив беа променети и прозорците – рече директорот, Благоја Стојаноски и продолжи:

-Новата фасада  не само што го подобри надворешниот изглед на зградата туку  за 30 проценти ја зголеми енергетската ефикасност, бидејќи се поставени сендвич ѕидови, кои ќе овозможат  во зима објектот да биде топол додека напролет и наесен  условите за следење настава да бидат многу поблагопријатни- дополни Стојаноски .

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,