Кичевскиот прволигаш ги запали моторите

Категории: Слајдер, Спорт

Сино-белата фурија ги започна подготовките

Со попладневниот собир, кога беше извршена и првата прозивка на фудбалерите на Напредок, стартуваа летните подготовки кај кичевскиот прволигаш. Воедно на фудбалерите на Напредок им беше представен и новиот кормилар Гордан Здравков, кој во претстојната првенствена сезона ќе ги води кичевските сини. Покрај веќе познатите засилувања

Вељановски и Коруновски, на првиот тренинг имаше и повеќемина млади но неафирмирани фудбалери од регионот, кои ќе се обидат да се наметнат кај новиот стратег на Напредок.

–  Имаме доволно квалитетен состав  за да ги одбраниме прволигашките позиции.
Знаеме што уште и треба на екипата и во следните 2-3 дена ќе вложиме
дополнителен напор, за да ги добиеме посакуваните засилувања. И покрај тоа што во оваа сезона од првата лига испаѓаат дури 4 екипи, сметам дека ќе имаме доволен играчки капацитет да ги одбраниме нашите позиции во елитното фудбалско друштво- рече првиот оперативец на клубот,Илија Китаноски, претседателот на Напредок.

Tекст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,