Кичевскиот второлигаш живее за мечот со Вардар

Категории: Спорт
Жрепката сакаше новиот второлигаш Зајас за свој противник во купот да го добие македонскиот фудбалски бренд Вардар. Во клубот и покрај незадоволителниот старт во првенството, сепак главното тежиште го стават на претстојниот куп натпревар со актуелниот првак.
-Она што е во Германија  е Баерн , во Шпанија Реал , тоа во Македонија е Вардар  и затоа со нетрпание го очекуваме овој натпревар.Иако гостинот е изразит фаворит, сепак и ние сакаме на овој за нас, историски дуел, да покажеме дека не случајно сме во втората лига.Не треба да потсетувам што би значел успех против трофејниот Вардар за нашиот млад состав- рече Назми Ајдини , тренер на Зајас.
Инаку утре под Илиница се очекува полн стадиот 5000 гледачи , добра игра и ,потајно , натамошен пласман во купот на домашниот второлигаш.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,