Кичевските училишта не ја добиле потребната количина нафта?

OU-Dr-Vladimir-Polezinoski

До КичевоМк стигнаа информации дека на кичевските училишта „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Др. Владимир Полежиноски“ од Општина Кичево не им била доставена целата количина потребна нафта која ја испрати Владата на Република Македонија од државните резерви.

Имено, наместо по 10 тони нафта, на училиштата им биле дадени само по 4 тони, иако градоначалникот Фатмир Дехари и раководителката на секторот за образование при општината, Саније Садику изјавија дека училиштата добиле по 10 тони нафта.

И 8 дена откако беше доставена нафтата, до денес не се пристигнати дополнителните количини нафта со кои училиштата би можеле нормално да ги загреваат училниците.

Од Владата на Република Македонија минатата недела од државните резерви беа обезбедени  50 тони нафта за греење и 10 тони нафта за превоз за кичевските училишта.

Дали ќе се достават дополнителните количини и од која причина од општината дале во јавноста неточна информација, останува да видиме.

Во моментов наставата во кичевските училишта тече нормално.