По две децении киното се враќа во Кичево

Категории: Кичево

Во Центарот за култура„ Кочо Рацин“ во Кичево, годинава ќе биде монтирана нова современа опрема во ХД технологија за кино проекција.

Во Центарот за култура„ Кочо Рацин“ во Кичево, годинава ќе биде монтирана нова современа опрема во ХД технологија за кино проекција.  Кичевчани се надеваат  дека младите ќе ги попримат старите навики и киното во нашиот град ќе профункционира во вистинска смисла на зборот.

– Иако сме по  малку сентиментални кон поранешното кино„ Партизан“, сепак со отворањето на новото кино во Центарот за култура„ Кочо Рацин“, се отвора нова страна во филмската уметост во нашиот град – вели Мите Петкоски.

Стојан Петроски , заљубеник во филмот од Кичево покрај редовното одење на кино, во домашната колекција има околу 1300 филмски паноа од најави на филмови, кои се прикажувале во Кичево пред 3,4 и 5 децении, како и музика од најголемите филмски бестселери од минатото.

-Иако времето е драстично променето а и навиките на граѓаните не се како порано,сепак се надеваме дека барем дел од филмскта публика ќе се врати во новото кино и конечно ќе имаме прилика во нашиот град да ги проследиме филмовите кои штотуку премиерно се прикажуваат во најголемите филмски центри во САД и Западна Европа – рече Петроски.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,