Кирил и Менде степаноски пристигнуваат во Напредок

По малку неочекувано во екот на  првенствената сезона, екипата на Напредок доби две големи играчки засилувања. Така што од денес нови аквизиции на кичевскиот прволигаш се браќата близнаци Менде и Кирил Степановски, фудбалери кои сезоната ја започнаа во матичниот клуб Пелистер, а во претходната првенствена сезона настапуваа во екипите на Ренова-Менде и Напредок-Кире.

Инаку и двајцата пред осум години во тандем беа дел од кичевскиот прволигаш. Ова е вистински потег на претседателот Илија Китаноски  , за да ја засили екипата на Напредок во сезоната кога се крати првата лига и кога испаѓаат дури 4 екипи.

Зоран Антоски