Пратеникот Китаноски се сретна со претставници на Македнската заедница во Р.Србија

Во рамки на посетата на семинарот „Расположливи механизми на националните парламенти во борбата против корупцијата“ организиран од Парламентарното собрание на Советот на Европа во српскиот парламент  претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, Илија Китаноски, заедно со пратениците  Ромео Тренов и Драгиша Милетиќ остварија средба со пратеникот во српскиот парламент и претседател на Демократската Партија на Македонците, Миле Спировски и потпретседателот Лила И. Ражњатовиќ. На средбата се разговараше за учеството и активностите на Демократската Партија на Македонците во српскиот парламент како и за соработката со Собранието на Република Македонија.

Исто така Китаноски и Тренов остварија средба и со претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија Борче Величковски. На средбата беше разговарано за организираноста и учеството на македонците во Р.Србија во општествениот живот, како и за организираноста и активностите на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија, за соработката што ја имаат со институциите во Република македонија, како и начините за продлабочување на таквата соработка. На средбата беше констатирано дека македонската заедница е далеку побројна отколку што се претставени и дека се работи на нивно евидентирање од страна на Националниот совет на македонската национална заедница која претставува „чадор“ организација на Македонците во Република Србија.