Пратеникот Китаноски имаше средба со црногорска делегација во Собранието на РМ

Категории: Македонија, Слајдер

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците  и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија денес остварија средба со Делегација на Комисијата за меѓународни односи и иселеници при црногорскиот Парламент. Во состав на црногорската делегација меѓу другите беа и претседателот на Комисијата за меѓународни односи – Миодраг Вуковиќ, заменикот претседател на црногорскиот парламент Суљо Мустафиќ и амбасадорот на Р.Црна Гора во Македонија – Душан Мрдовиќ.

На средбата беа потенцирани традиционално добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Црна Гора, а меѓудругото, стана збор и за досегашната соработка и меѓусебна поддршка во поглед на евроатланските интеграции.

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Илија Китаноски во својот говор истакна дека Република Македонија и Република Црна Гора имаат взаемен интерес за градење на пријателски односи и дека успехот на секоја од нашите земји одделно е успех за сите земји од Регионот.

Китаноски нагласи дека клучен приоритет на Република Македонија во евроинтеграцијата останува добивањето на датум за почеток на преговорите со Европската унија и дека нашата држава останува посветена на натамошното имплементирање на севкупните реформи за постигнување на ЕУ и НАТО членство.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,