Кичевската ликовна колонија вечерва во КИЦ на град Скопје


Вечерва со почеток во 20 часот во КИЦ на град Скопје, ќе биде отворена изложба на делата создадени на годинешната јубилејна 20 –та  јубилејна Интернационална кичевска ликовна колонија.

– Два дена по првото претставување на делата од годинешната Интернационална ликовна колонија во Кичево во„ Куќата на  уметноста“, дел од овие ликовни творби ќе бидат претставени и на изложбата што вечерва ќе биде отворена во КИЦ на град Скопје, каде ќе бидат изложени над 30 уметнички слики и фотографии од скулптурите, од сите учесници на годинешната колонија. На оваа изложба очекуваме присуство и на повеќето учесници на колонијата, како и голем љубители на уметноста од главниот град. – рече Горан Донески, директор на колонијата.

Инаку годинава во Кнежино твореа 26 уметници и вајари од дури 17 земји, создадоа над 80 уметнички слики и 5 скулптури..

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)