Оооффф, кој ти е поправат сега машинана дома (41)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Kičevo_old_01

Секој си кукат на гробот свој …….ама некои и на туѓа мака.
Градски гробишта. Задушница. Народ како мравки и секој на својот гроб за припомен на своите починати. Помеѓу нив и еден врвен мајтапџија. Покрај неговиот гроб и раскажувачот. Намерно дојдени малку порано од сите, за да не пропуштат некои битни, офирани при влегувањето во гробиштата и смеа на нивна сметка.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Адетот сторен, е сега се чека некој(а) погодни за скеч. Е евеј ти се, еден по еден баџанаци за кои мајтапџијава има „осетливи“ информации дека разни „елементи“ им се сучат дома околу нестите. Влегува едниот во влезната врата во гробиштата од онаа страна каде пишува: „И ВИЕ ЌЕ ДОЈДЕТЕ ПРИ НАС“ и веднаш мајтапџијава паѓа театрално на гробот од мајка му „свиткан од болка, со жалење, плачење“:

– „ОООФ ……. КОЈ ТИ Е ПОПРАВАТ СЕГА ДОМА МАШИНАНА ЗА ПЕРЕЊЕ …….е мајсторот де, штом сам не бил асолен !!!

Ајде ред се редат Мале и еве ти го другиот баџанак, ама него уште на влезон каде пишува: …„И НИЕ БЕВМЕ КАКО ВАС“ ….„ОООФ …. КОЈ ТИ СВИРИТ ДОМА НА ….ТИЧЕНО СЕГААА ……е свирач де, што знајт да гудат со гудалото.

И така уште неколку пати се со описно плачење, тажење за „настраданите“, после замини си дома олеснети, испразнети од тагата по своите …….жртви !!

раскажано од Злате М.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,