Композиција [#7]

Во минатиот текст говоревме за широко прифатената типизација на композицијата, отворена, полуотворена или фриз и затворена композиција, и нивната под поделба на мрежеста и слободна композивија. Во овој текст ќе проговориме за слободната композиција и нејзините карактеристики.

Слободна композиција

И во слободната композиција застапена типизацијата на композиции (отворена, затворена и слободна).

Отворена слободна композиција, линиите и формите се пресечени рабовите на визирот односно рабовите на самата фотографија, што остава само впечаток дека композицијата продолжува надвор од неа, односно дека е отворена. Ова движење надвор од фотографијата, фотографијата ја прави полесна и подинамична во однос на таканаречените затворени композиции. Отворената слободна композиција може и немора да има центар околу којшто се развива композицијата и може да биде помалку или повеќе симетрична, односно асиметрична.

Мартина Димоска (Слободна отворена композиција) поранешен член на Пиксел

Во современата уметност, се среќава се почесто затоа што одговара на духот на современиот човек и на фотографот му дава повеќе можности за слободен израз.

Александар Вренцоски (Отворена слободна композиција) член на Пиксел

Затворена слободна композиција (продолжува)

Отворена слободна композиција

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел