Последици од обилните врнежи на дожд‏ во Кичево

Категории: Кичево

Во изминатите денови обилните врнежи на дожд допринесоа да се појават одредени проблеми во функционирањето на канализацискиот систем во градот Кичево.

Eден од проблемите се појави на магистралниот пат Кичево – Охрид (под фабриката Жито Kараорман) каде што екипа на секторот канализација го отсрани запушувањето на атмосферската канализација.
Друг поголем проблем се појави на дел од населбата Коњски ливади (од детскта градинка до депонијата) каде поради подигнување на нивото на реката допринесе канализациониот систем да нема капацитет да ја прими и одведе целата отпадна вода. Со намалување на врнежите на дожд состојбата на овој дел полека се стабилизира.

Сите дефекти на канализационта мрежа можат да се пријата во ИНФО Центарот на ЈП Кoмуналец.

ЈП Комуналец – Кичево

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,